За нас

Матео Дизајн е основана во 2007-ма година како компанија која започна да се занимава со обработка на различни видови материјали.

Главна дејност на фирмата е моделирање на 3Д модели и нивна изработка на CNC машина. Покрај главната дејност, фирмата се занимава и со декоративни елементи, како дел од фасадни решенија.

CNC (Computer Numerical Control) машината во денешно време е основен алат, без кој машинската индустрија не би можела да се замисли. Современата CNC машина ги има повеќето постоечки делови како старите, рачно контролирани машини. Важна разлика која ја прави CNC машината посовремена од останатите машини е софистицираниот систем и нумеричките податоци или координати според кои работи самостојно по претходно компјутерски направен модел.

Матео Дизајн, со гореспоменатата машина успешно изработува длабоки и плитки резби во повеќе видови материјали.

Во мермер и гранит ги има изработено монументалните столбови на Уставниот Суд, Летниковецот или Ротондата на љубовта, која се наоѓа на плоштадот Македонија и изработка на релјефи за споменикот на Филип II во населба Автокоманда, фонтаната на Олимпија, дел од проектот, плоштад “Карпошово востание”, фонтаната на Филип II, дел од проектот плоштад “ Карпошово востание” и за потребите на голем број приватни проекти (куќи,станови).

Во дрво, фирмата МаТео Дизајн изработува резби, од кои досега има изработено за потребите на црквата “Успение на Пресвета Богородица” и за повеќе приватни објекти.

Компанијата МаТео Дизајн, освен изработки во мермер, дрво и стакло, успешно изработува и релјефи на лесни материјали како од стиропор, гипс и полиуретан.

Покрај главната дејност, фирмата се занимава и со декоративни елементи, како дел од фасадни решенија. МаТео Дизајн ја изработи фасадната декорација на новата зграда на Агенција за Електронски комуникации, фасадната декорација на Владата на РМ и моментално го извршува фасадното решение за новата зграда на ЈП Водовод и канализација.

МаТео Дизајн е увозник на Магнум (МГО) плочи, кои се користат за изолација на фасадните системи кои ги изработува МаТео, но истотака, тие се достапни и за големо и мало продажба.

Исто така, МаТео Дизајн е увозник на комплетната производствена програма на COMPAC Валенсија Шпанија, кои изработуваат плочки и табли од вештачки мермер и гранит. Оваа шпанска компанија е специјализирана за производство на фасадни мермерни и гранитни плочки.

mateo logo
MK EN AL
mateo facebook mateo twitter mateo linkedin mateo instagram